Услови за испорака

Испораката се врши само на територијата на Република Македонија.

Рок на испорака

Откако ја потврдивте нарачката на производите и штом ќе помине периодот на преавторизација на средствата, ќе Ве контактира техничко лице од Пост Експрес Македонија ДОО, задолжени за координирање на испораката на Вашата нарачка. Рокот на испорака е до 5 работни дена. Најчесто времето на испорака е за 3 работни дена.

Превземање на пратки

Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас. Откако истата ќе ја добиеме ќе Ве исконтактираме за причината за неподигнување на нарачката, со можност повторно да се договориме за ново испраќање.

Цена на Испорака

Цената за достава на производи над 1.000 денари е бесплатна.

Цената за достава на производи под 1.000 денари е 130 денари.