02/3248194

Мажите и модата

2017 беше чудна година за модата за мажи. Необични, асиметрични патики беа кул. Плетените работи зачестија. Тренерки... тренерки насекаде!

Оваа година, стилските правила со кои повеќето момци се запознаа изминатава деценија, беа превртени наопаку во корист на нов, побрз пристап кон облекувањето – помалку Don Draper, повеќе Jaden Smith (најверојатно токму поради тоа и сте тука). Како и да е, стилскиот пејзаж се менува.. но една работа останува: мора да се облечете секое утро. ...А ние сме тукада ве инспирираме. На фотографиите, покрај рандом ликови запрени на улиците на светските метрополи и фотографирани за потребите на различни модни едиторијали поради нивниот специфичен стил, ќе сретнете и некои од најстилските момци за годинава издвоени од едиторите на Vogue, како и Џеф Бриџис.

Шешир на одело стои неверојатно добро. Можеби не звучи така додека го читате ова, но погледнете ги фотографииве..


John Nollet

На последнава го гледате Џон Нолет, прогласен за еден од најстилските мажи изминатава година, од страна на едиторите на Vogue. Станува збор за über-stylish фризерот на славните, како Марион Котилард, Моника Белучи, Никол Кидман, Ума Турман, Ванеса Паради и списокот продолжува.. Нолет ги заведува жените со својот природен, ноншалантен фат. Неговите вештини го позиционираа на престижни настани како црвениот тепих и во рекламните кампањи на познати луксузни брендови. Џон непрестано го освојува и вниманието на познатите фоторепортери привлечени од неговата креативност.

Тој стои зад заплетканите суканици на Џони Деп во "Пиратите од Карибите", впечатливата фризура на Амели Пулен, а и зад фризурите на актерите во "Asterix: Mission Cléopâtre"; "Dancer in the Dark", "Nine", "Spectre"...

Но тука е поради неговиот личен стил. Истата придавка која ја употребив за неговиот фат - "ноншалантен", одлично го опишува и неговиот изглед. Би додале и артистички, кул, специфичен.

 

Џемперчиња
асоцијациите се удобно и топло, но Џеф Бриџис ги качи на сосема ново ниво - лежерно кул