Модни трендови Есен/Зима 2017-8 – Што е ново оваа сезона?

Модни трендови Есен/Зима 2017-8 – Што е ново оваа сезона?

 Удобните плетки, “Puff daddy” напумпаните јакни и топлата нијанса на црвена се најдоа заедно на модните писти оваа сезона – можеби како еден вид засолниште од студот и мракот на зимата во овој свет во кризи. Но иако трендовите се насочени кон се повеќе и повеќе удобност, модата сепак не отстапува од својата забавна страна и својата разиграна природа притоа одржувајќи си го гламурот; секогаш со чувство на решителност и самоувереност. На кратко, ова сезона модата ја слави индивидуалноста на секој стил преку големиот број на трендови кои чекаат да излезат на улиците.

Блескаво сребрена

Видена на толку многу модни настани оваа сезона, сребрената при флерт со концептуалното произведе хибриди па сега нема да ја сретнете само помеѓу накитот или парчињата облека за вечерно излегување... на неа може да налетате онаму каде најмалку би ја очекувале во полн блесок.

Од лево кон десно: Chanel, Comme des Garcons, Y/Project

Од нашите брендови:


        

Удобни плетки

Станува збор за плетени работи, но не како оние на баба. Модерен допир на удобната класика при кој волната (или нејзините текстилни соседи) е расплетена и повторно сплетена на сосема нов, речиси поетски начин... реси, додатоци од крзно, вдлабнувања и испакнатини - некогаш ќе ја сретнете развлечена, некогаш асиметрична, но секогаш топла и удобна.

 

Од нашите брендови:

 

Office Wear

Модата може да биде предмет на изучување дури и на социологијата, а новиот тренд на сиви женски одела, прошарани со кариран дезен но во сосема нови, интригантни модели го враќа шармот на минатото. Сошиени за бизнис жени и девојки, одличен избор за во канцеларија, па и надвор од неа.

Од лево: Stella McCartney, Balenciaga and Calvin Klein Collection

 

Од нашите брендови:

 

Моќно црвена

Можеби би било клише кога би се обиделе да одредиме “боја на сезоната”, но кога ниту една друга не се истакнува толку многу, а сепак незаситно, како црвената оваа сезона, тоа веќе не е во наши раце. Нејзиното влијание е сеприсутно. Црвената боја во модата не уживала поголема популарност уште од Titian и Valentino Garavani.

Од лево: The Row, Victoria Beckham, Fendi, Gucci

 

Од нашите брендови:


Кога веќе сме кај црвената боја, не би можеле да ја изоставиме кај долната облека...

 

“Puff daddy” јакни

Напумпаните јакни (или пумпарици) во последно време земаат се поголем замав, а оваа сезона може да се каже дека ја доживеаа својата кулминација, пишува Vogue.Потфатот на модните дизајнери храбро да им се спротистават на степените под нула може да ги прогласиме за успешен.

Од лево: Versace, Tod’s and Vetements

Од нашите брендови: