Барај
%
×
Live in LEVIS
Зошто купувам онлајн?
Новости

Зошто купувам онлајн?

Онлајн шопингот во изминатите неколку години стана толку популарен ширум светот што водејќи се по тие параметри за некое време слободно можеме да очекуваме дека токму на овој начин ќе се врши поголемиот процент од вкупната светска трговија.

Нашиот фокус е на модата, се разбира. За почеток, да разјасниме нешто - шопингот е составен дел од животот на секој човек кој живее во урбана средина.  Време е да престанеме да го поврзуваме овој збор со жените и да станеме реални – сите се грижиме за својот изглед... и секогаш може подобро.

Зошто купувам онлајн?

Поради огромната заштеда на време

Нема потреба да се “дотерате”и да изгубитеполовина час (грубо земено) “патувајќи” кон продавниците само за да стигнете до вашиот производ – тој самиот ќе стигне до вас, додека вие се туширате, гледате нова епизода од некоја серија или ги завршувате другите обврски.

Покрај тоа, многу е практично!

Не се туркате со другите купувачи/разгледувачи/модни ентузијасти, не ги чекате да завршат со разгледувањето на тој и тој ред изложени производи или конечно да ја пуштат од раце кошулата по која дојдовте, а за која исто така бевте дојдени до тука и вчера и завчера, но ви беше потребно повеќе време да размислите и разгледате пред да одлучите дали токму таа нијанса на праска боја ви одговара со цветниот дезен на новата чанта.

Потребно ли е да го спомнам чекањето во редици пред кабините за проба или самиот поднаслов ве асоцираше на тоа? Па и самото пробување (не сум единствената која го мрази овој дел нели?) ... А како ви звучи чекањето ред на каса? Му го губите времето и на оној кој дошол со вас да ве придружува и да ви сугерира што да одберете ... Брутално. Но човекот еволуира, а со него и шопингот – доколку се уште се сомневате во она што го пишав погоре за неговата растечка популарност, размислете уште еднаш.

Онлајн шопингот ви овозможува да го следите секое парче, од секоја нова колекција на вашите омилени брендови во удобноста на вашиот пењоар, од дома (или на кафе-пауза од канцеларија), телепортирајќи ве во самите продавници во зависност од брзината на вашиот интернет.

Пред очи ви се сите производи кои се изложени во самата продавница, секој во својата величина и боја, па нема да морате да ги “интервјуирате”вработените за да откриете  - “Сивиот долг, струкиран фустан со црвени цветови од левата страна кој пред три дена беше изложен веднаш покрај влезот, го преместивте некаде или се продаде?”, “Ги има истите чизми во црвена боја или само овие се? А темно зелена? Маслинеста можеби? И уште да ве замолам да проверите дали имате 38-мица во магацин?” – Едноставно сите овие информации ви се достапни онлајн.

Паметно е...

Паметно би било пред да ги потрошиме парите да се осигураме дека сме го направиле вистинскиот избор. Да се задржиме на чизмите – не купуваме чизми секој месец и да бидеме искрени – не ги менуваме секој ден. Инвестицијата е поголема бидејќи најчесто тие се најквалитетното парче облека на нас, a чизми има насекаде! Различни модели, различна цена, различен квалитет – кои не секогаш соодветствуваат, а за да го добиете најдоброто од посакуваниот модел за цената која ви одговара ќе треба да го обиколите целиот град, влегувајќи од продавница во продавница, но ... 1. Кој има време за тоа? 2. Зошто, кога нема потреба?

Дополнителни трошоци

Бензин, паркинг (или патни трошоци за било кој вид на транспорт), делот со храна во големите молови кој некако никогаш не го заобиколуваме, одличните вештини за продажба на вработените кои ќе ве убедат дека ви треба истата маичка и во бела боја бидејќи оди на се’, a меѓудругото е последна и најверојатно ќе биде продадена во наредните 10 минути, не се пегла и секогаш ќе ви стои на располагање кога сте во брзање. Поимите “онлајн шопинг” и “дополнителни трошоци” нема да ги сретнете во иста реченица со исклучок на оваа.

Онлајн продавниците работат 24/7

Едноставно никогаш не затвораат. Можеби ќе треба да почекате до следниот работен ден за обработка и испорака на вашата нарачка, но секогаш ќе можете да ја направите. Можете да пребарувате и да купувате буквално во секое време.

Дискретно е

Физичките продавници честопати можат да го отежнат купувањето на одредени производи... долна облека на пример. Купувањето подвезици без да ви падне непријатно од останатите присутни во продавницата е речиси невозможно, особено доколку во истата се најде некоја ваша познаничка со бујна имагинација. Онлајн шопингот ви дава приватност.

Безболно е

Свесна сум дека многумина од нас се сомничави по природа, не даваме пари за нешто додека не помине скен-анализа преку сите наши пет сетила. Но кога станува збор за вашите омилени брендови во кои се облекувате речиси целиот живот, вреди ли тој скептицизам после се’ од горенаведеното? Верувајте им како и до сега. Нарачката секогаш можете да ја вратите назад, по што и вашите пари ќе се вратат на картичката.

 

13.08.2019.

Слични статии

13.
Aug.
2019.
Новости
Во пролетта цутат најубавите цвеќиња...  А, пролетното будење го најавуваме во највпечатливата боја за сезоната. @karolinagocheva   Овој пат се раб...
13.
Aug.
2019.
Новости
Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето подготвивме низа на нови фотографии и модни инспирации за сите жени ...
13.
Aug.
2019.
Новости
Каролина во уште едно MANGO издание - романтичен и лежерен изглед, совршен за ова лето!