Право на откажување/враќање на производ

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фискална сметка, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта на адресата што ја добивате од нашите продавачи на свој трошок или пак во продавницата на брендот од кој е нарачан производот. Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање, Фешн Груп има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 02/3248194 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@fashiongroup.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на 02/3248194 или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@fashiongroup.com.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.