02/60 90 371

7 кул трендови на модни додатоци за пролет/лето 18' директно од Fashion Weeks

Кога зборуваме за креирање на незаборавен изглед, облеката не е единствениот елемент кој треба да го погодите – треба да обрнете внимание и на модните додатоци, инаку целосно може да се уништи. За да бидете сигурни дека целата слика изгледа модерно и тренди, ви предлагаме неколку додатоци кои ја одбележаа сезоната. Од Милано, Париз, па се до Њујорк и Лондон, овие шик чанти, капи, чевли и други додатоци се издвоија помеѓу најдобрите стилски комбинации од уличната мода. Затоа, додадете ги во вашата шопинг листа што е можно побрзо, бидејќи овие додатоци го превртија светот на модата.

 

 

1. Baker Boy Hats

 

 

Капчињата во облик на оние кои ги носат пекарите, се враќаат во мода во ново издание кое изгледа уште подобро од претходно. Денес овие капи се препознаваат на шик девојките насекаде низ светот. Лежерен, но истовремено кул – моделот е совршен за викенд комбинации. Може да го комбинирате со џинс, фустан или некое плетено парче - со што и да одлучите, ќе изгледа одлично. Збогувајте се со омилените шешири со широк обод, затоа што овие капи се задолжителни за сезоната.

 

Parfois капче

 

2. Belt Bags

 

 

Торбите на ремен моментално доминираат во светот на уличната мода со својата уникатна естетика и практична употреба. Овие "hands-free" чанти ја комбинираат функционалноста и модата и придонесуваат за гламурозен и практичен изглед. Од спортски до елегантен, структуриран дизајн, ташните на ремен се достапни во секакви стилови и можат да се носат на повеќе начини. Овој тренд може да го носат сите девојки, без разлика на сопствениот стил.

 

(клик врз фото)

 


 

Разнобојна чанта / Портокалова чанта / Златна чанта / Црна чанта

(клик врз назив на чанта)

 



Desigual црна чанта

 

 

 

3. Matrix Glasses

 

 

Заштитете ги очите од сонцето со очила инспирирани од Матрикс. Потсетувајќи се на елегантните црни рамки од филмот, овие ретро очила се мали, тесни и „заострени“.  Неочекувано кул, Матрикс очилата ги носат сите познати личности и блогерки. Лежерната комбинација збогатете ја со ваков импресивен пар очила за сонце кој е најтренди во овој момент.

 

очила за сонце од лево кон десно:   1  /  2  /  3  /  4

 

(клик врз фото)

(клик врз фото)

 

4. Shoulder-Grazing Statement Earrings

 

 

Впечатливите обетки се задолжително парче во последните сезони и не си заминуваат ни од оваа. Всушност, се повеќе расте трендот за вакви обетки, како и нивната големина. Денес овие ефектни обетки достигнаа нови должини – до рамената. Па, доколку сакате да ги украсите ушите со храбар моден додаток, одберете ги најдолгите и „најгласните“ модели кои ќе ги најдете.

 

Обетки од лево кон десно:   1  / 2  / 3  / 4

 

 

Обетки од лево кон десно:   1  / 2  / 3  / 4

 

 

 

5. Short Strap Crossbody Bags

 

 

Ако торбите на ремен се премногу храбар избор за твојот вкус, тогаш чантите на кратко ремче преку рамо се одлична тренди алтернатива. Овој шик стил стана исто толку популарен како чантите на ремен без да биде толку ексцентричен. За да ја комплетирате комбинацијата, одберете торба со кратко ремче или со ремен кој се подесува. Носете ја преку рамо, така што чантата треба да ви биде наместена на или под градниот кош. За изгледот да не премине од феноменален во чуден, моделот не треба да биде премногу гломазен.

 

Црно-бела чанта   /   Темно сива чанта   /   Чанта во риги

 

 

6. Bold Platform Shoes

 

 

Ако сакате да го надградите стилот и висината за оваа сезона, нема подобар моден додаток од чевли на висока платформа. Да, чевлите со дебел ѓон од 70-тите и 90-тите години се враќаат повторно и доминираат на уличната модна сцена. Обувките се идеални ако ја сакате висината на чевлите со високи потпетици, но без да ја поднесувате болката и да уживате во удобноста. Сѐ што треба да направите е да го одберете омилениот стил. Од шик сандали и ретро мокасини до „гранџ“ чизми и ексцентрични патики – обувките на платформа се наоѓаат во секаков стил за сите девојки кои сакаат да бидат во тренд.

 

Desigual деним сандали   /   Geox разнобојни сандали   /   Timebrland сандали на плута

 

 

Geox сандали на платформа   /   Geox разнобојни сандали   /   Springfield кафени сандали

 

 

7. Straw Bags

 

 

Сламените чанти не се носат повеќе само за на плажа. Можете да ги носите во град, на ручек, шопинг, на кино и насекаде каде што ќе посакате. Затоа, инвестирајте во овој тренд сега, бидејќи ќе сакате да носите сламена торба низ цела сезона. За среќа, имаме голем избор на различни стилови од кои можете да одберете. Класична големина, плик-чанта или пак во облик на кружна кошница – ова се само неколку модели од фантастичниот стил кој е актуелен.

 

(клик врз фото)

 

Сламени чанти од лево кон десно:   1   /   2   /   3   /   4

 

 

(клик врз фото)

(клик врз фото)