02/60 90 371

Black Friday Shopping

Шопинг еуфоријата која се поврзува со доаѓањето на новогодишните празници, започнува со веќе и кај нас познатиот Black Friday – петокот после американскиот празник Thanksgiving, ден во кој купувачите имаат можност да купуваат на атрактивни попусти и ден во кој неретко многу од нив со часови го чекаат отворањето на продажните места за да ги добијат своите омилени производи на што поголем попуст.

Веќе неколку години и кај нас купувачите нетрпеливо го очекуваат овој ден, па за да ви го олесниме искуството и да ви помогнеме паметно да изберете и купувате на Black Fridayго направивме овој краток водич како да купувате паметно и исплатливо.

 

Најдете ги најдобрите Black Friday зделки

Како да го направите ова?

Зачленете се во мејлинг листите на брендовите кои ве интересираат – сите тие навремено ќе ги испратат своите понуди и однапред ќе можете да си го испланирате купувањето.

Следете ги омилените брендови на социјалните мрежи  - Facebook, Instagram, Twitter – места кадешто исто така ќе ги најдете сите попусти кои ги нудат брендовите што ве интересираат.

Споредете ги зделките

Само заради тоа што одреден попуст изгледа атрактивен, немојте да мислите дека тоа е шанса која не смее да се пропушти без претходно да разгледате и споредите понуди од повеќе продавници. Најчесто оние зделки кои не изгледаат премногу атрактивно ќе ви дадат можност да го купите она што вистински ви треба по одлична цена!

 

Испланирајте

Секогаш е добро да имате однапред испланирано што точно барате и кои продавници ќе ги посетите. Списокот на потребни нешта кои би било одлично да ги најдете по супер цени ќе ви овозможи да избегнете купување на нешто што никогаш нема да го облечете или искористите.

Чувајте ги сметките

Во шопинг лудилото и хаосот за време на Black Fridayможеби ќе купите нешто без да пробате или нешто што не сте сигурни дека 100% ви се допаѓа. Доколку дојдете дома и сфатите дека некои од работите што сте ги купиле сакате да ги замените, би било добро да ги имате сите фискални сметки за да можете без проблем да го направите тоа.

Земете шопинг пријател

Зошто да одите сами кога може вашиот најдобар пријател да дојде со вас во потрага по најдобрите зделки? Одлична идеја и да се поделите во потрагата, па така ќе покриете повеќе продавници за пократко време. Секако пост-шопинг кафето или коктелите се секогаш повкусни во друштво.

 

Специјални онлајн зделки

Не заборавајте на онлајн зделките – некои продавници за Black Friday имаат дополнителен попуст или поволности за онлајн нарачки. На овој начин ќе ги избегнете гужвите во продавниците, чекањето редици во гардероба или на каса, и ќе купувате по пониски цени од удобноста на својот дом.

 

Забавувајте се

Ако за време на Black Friday не успеете да го купите парчето кое веќе долго го посакувате или дури ако не купите ништо, не очајувајте, секогаш ќе има нови производи и нови попусти. Најважно е шопингот да биде позитивно и забавно искуство!

Секако не заборавајте и на Cyber Monday, уште една можност за добри онлајн зделки.

 

Ви посакуваме многу забава и одличен шопинг и овој Black Friday!