02/3248194

Канцелариски изглед за оваа есен: облекувајте се како модна икона на работното место

 

Не мислите дека е време да излезете од вашата рутина на облекување за во канцеларија? Прочитајте ги модните совети од Harper’s Bazaar па сами одлучете..

За многу кратко време температурите ќе почнат да опаѓаат како што ќе навлегуваме се подлабоко во есента, а потоа и зимата. Високата мода веќе го покажа својот моден став за новата сезона на модните писти низ светските метрополи, тоа значи само едно – време е за обнова на гардеробата. Направете го тоа со неколку клучни парчиња кои секојдневно ќе ги носите во канцеларија, но и надвор од неа. Гледајте на ова како на возрасна-верзија од “back-to-school” шопингот и инспирирајте се од овие 10 work-friendly комбинации.

 

*Кликнете врз бројот за да го разгледате производот од сликата

 

Формална женственост

Есента е оној дел од годината кога моќта на блејзерите и палтата го достигнува својот максимум. Размислувајте вака: кројка на раменици инспирирана од 80тите, не се струкирани, а луѓето кои ги разминувате на улица речиси можат да ја почувствуваат аурата на комфорт која ја оддавате. Комбинирајте ги со “matching” панталони или со фустан за полн ефект.

 

Сугестии од нашите брендови:

 

1     /     2     /     3


клик врз фото

 

1              /              2

 

Лежерна елеганција

Заменете ги тесните “пенкало”здолништа со лежерна варијанта. Нека паѓаат слободно надолу, во сиот свој волумен. Одат одлично со блузи и џемперчиња.

 

Сугестии од нашите брендови:
 

1     /     2     /     3     /     4     

1      /     2

 

Животински принт

Доколку не забележавте до сега, најголемиот тренд оваа сезона се “animal prints” – додадете по некое парче со животински принт во вашата канцелариска облека – пристоен модел, а сепак зачинет изглед. Зебра, змија, леопард...  изборот е ваш.

 

Сугестии од нашите брендови:

 1     /     2     /     3


клик врз фото

 

1     /     2     /     3     /     4

 

Здолниште-одело

Класичното одело од панталони и сако од ист дезен и материјал е вечна класика, но во последно време кај софистицираните жени и девојки се поголем замав зема неговата освежена верзија со здолниште наместо со панталони. Помеѓу нив две облечете само обична бела маица и подготвени сте.

 

Сугестии од нашите брендови:

1     /     2     /     3     /     4

 

Mix & Match текстури

Контрастот е ин. Креирајте го играјќи си со различни текстури, на пример: јакна од превртена кожа, тексас кошула и елегантни црни панталони. Само бидете особено внимателни со боите – станува збор за прилично храбра комбинација.

 

Мантили

Безвременско парче кое опстанува низ годините. Кулминацијата ја доживува во есен и сосема кратко на прагот на зимата, па побрзајте и набавете си едно доколку се уште немате.

 

Сугестии од нашите брендови:

1     /     2     /     3     

 

7. “New wave” слоевито

Долг флорален фустан и фармерки? Како ви звучи тоа? Ако не прашувате нас: “damn good.” Впрочем, како и да ви звучи, моментално тоа е еден од најголемите фаворити од новите светски модни трендови. П.с. не сме буквалисти, фустанот не мора да го ограничите на "флорален" .. импровизирајте според вашето сопствено чувство за естетика.

 

Сугестии од нашите брендови:

1     /     2     

 

Фустани:         1     /     2     /     3     /     4

Фармерки:      1     /     2     /     3     /     4

1     /     2     

 

Колор-блок комбинација

Парче во интензивна боја искомбинирано со парче во светла, нежна нијанса. Контрастот би требало да е прилично изразен. На пример, оваа комбинација на Викторија Бекам: небесно сина блуза и моќно црвени панталони.


клик врз фото

 

Игра на пропорции

“Oversized” блејзер, тексас јакна, џемпер, миди плисирано здолниште, панталони... впрочем секое парче облека на вас нека е "oversized" и... voilà!

 

Сугестии од нашите брендови:

 

1     /     2     /     3     /     4

1     /     2     /     3     /     4


клик врз фото

 

Sweater (Dress) Weather

Ништо не извикува “без-трошка-напор”погласно од џемпер-фустаните. Додадете пар добри чизми и финиширајте го изгледот со забавен модел на чанта. Покрај тоа што ќе изгледате предобро, така и ќе се чувствувате.

 

Сугестии од нашите брендови:

1     /     2     

 

Не ги заборавајте и модните додатоци

клик врз фото