02/60 90 371

Online Exclusive - Селектирани парчиња само за нашите онлајн купувачи!

Воведовме нова рубрика на нашата онлајн продавница – ONLINE EXCLUSIVE.

Селектирани парчиња кои ги резервиравме само за вас – нашите онлајн купувачи! Парчињата од нашите брендови кои се означени со ONLINE EXCLUSIVE ќе можете да ги нарачате исклучиво online.

ONLINE EXCLUSIVE се оние уникатни и ултра модерни парчиња за кои луѓето ќе се прашуваат од каде сте ги набавиле поради нивниот ексклузивен дизајн и неможноста да се најдат во продавница. Парчињата нема да бидат изложени во нашите продавници и нема да можат да се најдат на ниту едно друго место освен тука, на e-shop.fashiongroup.com.mk. Со самото тоа, Вие, што ќе си нарачате online exclusive парче, ќе бидете првата личност што ќе има допир до него.  

Подгответе се да бидете инспирирани од атрактивните парчиња кои ќе ви помогнат да го креирате вашиот модерен аутфит и да го истакнете вашиот индивидуален стил со леснотија!

Високи потпетици со интересен принт, фраерски патики, удобни маички и гламурозни фустанчиња, ONLINE EXCLUSIVE нуди од се' по нешто за сечиј стил, но најважно е дека сите парчиња се вниматено селектирани со цел да се чувствувате единствени и во тек со најновите трендови.

 

 

Верувајте ни, оваа сезона не сакате да бидете облечени како сите други! 

Наместо “веќе видени”, бидете посебни. Бидете ексклузивни!

Во рубриката ONLINE EXCLUSIVE пронајдете го совршениот подарок за вашите најдраги, покажете им дека се посебни со уникатноста на овие парчиња. Или пак, зошто да не си го разубавите вашиот напорен ден со ексклузивно парче кое ќе го купите од комфорот на вашиот дом? 

Никогаш до сега не сте купувале облека и аксесоари на интернет? Ова е вашата шанса! Бидете дел од илјадниците задоволни купувачи на e-shop.fashiongroup.com.mk.  Ви гарантираме можност за замена или целосно враќање доколку производот не ви одговара.

Ова се нашите препораки, а доколку сакате да ја погледнете целата колекција кликнете овде ONLINE EXCLUSIVE. Уживајте!

 

Desigual хеланки, маица и чанта – Ексклузивни парчиња од новата колекција на Desigual Sport кои ќе ве одвеат во дивиот свет на џунглата со нивниот разнобоен тропски принт. Вежбајте со стил во удобните маичка и хеланки, а изгледот комплетирајте го со мултифункционалната чанта која e совршена за во теретана или за вашиот викенд-аутфит. 

 

 

“Ние ги споивме најдобрите технички материјали со најновите трендови и живописни принтови, така што ќе можете да се чувствувате сигурни во секоја смисла на зборот” – Desigual

 

 

Diesel костим за капење и пешкир – Пречекајте го летото и бидете единствени во жешките денови на плажа со Diesel. Костимот за капење е специјална едиција на Diesel и има прекрасна атлетска силуета и дизајн инспириран од иконските едноделни костими од деведесетите. Стилизирајте го вашиот beachwear изглед со пешкирот на кој сите ќе ви завидуваат!

 

Timberland торба и машки дуксер – Баравте практична, а сепак стилска торба за вашите викенд-патувања? Изработена од премиум кожа со врвен квалитет, Timberland торбата е must-have аксесоар за сите кои сакаат да изгледаат ексклузивно кога патуваат.

Истакнете го вашиот уличен стил во regular-fit дуксер со војнички принт кој ќе ве стопли во свежите пролетни денови. Разиграјте го вашиот гардеробер и заборавете на еднобојните дуксери!

 

 

Springfield комбинезон – Елеганција која не смеете да ја пропуштите! Не сте одлучиле што да носите на свадбата на која сте поканета, а здодеано ви е од долги тоалети и класични фустанчиња? Ова е совршениот избор за вас. Дополнете го изгледот со свечени обетки и високи потпетици и бидете ѕвезда на вечерта!

 

Replay кошула – Познат по иновативен стил, карактеристичен италијански дизајн и супериорен квалитет на сите производи, брендот Replay e за урбани, енергични, луѓе со млад дух и изграден стил, луѓе кои знаат што сакаат.

Animal принтот станува се’ повеќе присутен на модната сцена, па оваа Replay кошула со необичен и интересен дизајн е нешто што секоја модерна девојка треба да го има во својот гардеробер. Кошулата може да биде искомбинирана со фармерки и патики за полежерен изглед, или пак со високи потпетици за вечерно излегување со пријателките, вие одлучете!

 

 

Steve Madden Daisie-L Leopard –Секси, а софистицирани, овие прекрасни високи потпетици одговараат на речиси се’! Искористете го ултра модерниот леопардски принт и направете го вашиот монотон изглед гламурозен.

 

 

Овие високи потпетицисе дел од #GenSteve движењето кое охрабрува да не бидете дел од толпата и да се истакнете на свој, посебен начин.

Standing out is the new fitting in!

 

Geox ОТТАYA патики – Удобни кожни машки патики што дишат и се лесни како пердув, а притоа имаат современ дизајн. OTTAYA е херој на новата колекција обувки на Geox – Храбар минимализам. Бидете во тек со најновите модни трендови и привлекувајте погледи со секој чекор!

 

 

Geox NEBULA X DONNA патики – Неверојатна комбинација на технологија произведена од тековните истражувања на Geox лежи во срцето на овој модел Nebula X патики кој исто така восхитува со своите гламурозни златни детали. Револуционерни патики кои се лесни и дишат -  совршен викенд додаток кој прилега на секој off-duty изглед.

Технологијата Geox Nebula ги прави женските чевли наши верни соучесници во секоја авантура, оставајќи ги стапалата да дишат, да останат суви и здрави и во најтоплите денови!

 

Superdry јакна – Пумпареста јакна во бои кои ќе ве спојат со природата оваа пролет. Дизајнирана да ви даде целосна удобност во вашите секојдневни активности и да ве стопли со стил! Оваа сезона бидете ин во јакна со врвен квалитет и современ дизајн кој прилега на сечиј стил.

 

 

Guess фустанВо престојниот период на матурски забави и свадби, бидете уникатни во ова ексклузивно парче кое не е “веќе видено” поради тоа што не е изложено во нашите продавници! Заведете во романтично парче во светло розова боја и покажете ја вашата софистицираност. Во овој преркасен дизајн изработен од тантела ќе се чуствувате удобно, а ќе изгледате како вистинска дама.