02/3248194

Опремете се за авантура: вистинската опрема ја прави целата разлика

Можеби е поради тоа што сé повеќе модерни, урбани луѓе се вртат кон природата, планинарејќи, кампувајќи, истражувајќи ги шумите, едноставно бегајќи од монотоната глетка на сиви блокови од станбени згради, улици и прашина - па модата ги следи и се обидува да им ги задоволи апетитите обрнувајќи му се поголемо внимание на "OUTDOOR" стилот. Па така, во статиите на светските модните магазини и веб-сајтови неретко ќе налетате на натписи од типот: "Men’s fashion is outdoorsier than ever—and taking cues from rock climbers." 

Зголемувањето на аерозагаденоста во најнаселените градови во Македонија, во Скопје особено, не принудува сами да побараме чист воздух во природа, на планинските врвови, покрај езерата, низ шумите или во незагадените викенд-населби, ако не за себе, за нашите најмали, чиј имунитет е сé уште кревок да се справи со штетните честички во воздухот.
 

Но за да ни биде пријатно во условите на голата природа потребна ни е соодветна опрема - идеалното решение е облека и обувки кои се приспособени да ги издржат влијанијата на природата, изработени од цврсти и квалитетни материјали кои ни ја обезбедуваат потребната потпора при искачување на планина или чекорење низ шума, одржуваат топлина, нудат заштита од надворешните влијанија, и при сé тоа - ја задржуваат удобноста.

За да ја оправдаме употребата на фразата "идеално решение", ваквите парчиња облека би требало да ја најдат нивната примена и во нашето секојдневие, нивната употреба да не биде ограничена само на оние викенди кога сме надвор од градовите.

 

Разгледајте ја понудата од нашите брендови:

 

 

 

SCAR RIDGE EXPEDITION:  Црна јакна    /   Сива јакна 

 

DRYVENT

Dryvent™ технологијата обезбедува издржлива, дишечка, водоотпорна заштита од сите видови на временски услови. Надворешниот слој е издржлив на влажно време и обезбедува заштита, додека внатрешниот слој ја задржува топлината.

WATERPROOF

Целосно запечатена и изработена од специјално третирани ткаенини, оваа облека штити во влажни, дождливи услови.

WARMEST

Производите означени “WARMEST” се изработени со посебнa технологија која ќе ве затопли дури и на најстудените зимски денови.

 

 

Крем јакна   /   Тегет јакна   /   Црна јакна

 

Mатеријалот ThermoFibre® од кој се изработени кратките јакни ги прави неверојатно лесни па нема ниту да ги почувствувате на вас, притоа обезбедува топлина и ја задржува внатре. Носејќи ги, непредвидливите временски услови нема да ви претставуваат никаква пречка. 

Долгата тегет јакна е комбинација на комфор и одличен изглед со ремен кој ја истакнува женската силуета. Водоотпорна е, од материјал кој е создаден да им се протистави на влагата и водата нудејќи блага заштита од дожд и влажни услови. Таа е дел од групата производи означени како WARMEST од Timberland, па така со неа нема воопшто да го почувствувате студот на зимата. 

 

CHOCORULA TRAIL 2 GORETEX

(клик врз фото)

 

Gore-Tex® мембраната на овие водоотпорни, машки "хајкерс" ги одржува стапалата суви, ви обезбедува цврст, стабилен и сигурен чекор притоа овозможувајќи максимална удобност. Тие се изработени за планинарење на разновидна површина: нерамна, капеста, каллива, влажна трева и слично. Водоотпорната, премиум кожа од висок квалитет во комбинација со Gore-Tex® мембраната и EVA влошките ги прави овие чизми вашиот најдобар сојузник за планинарење.

 

Од женски чизми ги препорачуваме 


CANARD RESORT 2.1 WINTER BOOTS

 

Кафени чизми   /   Црни чизми

Вашите стапала ќе бидат топли, суви и заштитени каде и да се наоѓате. Од внатре се обложени со вештачко крзно, од надвор со премиум водоотпорна кожа. Изработени се со технологија која има амортизирачки својства, па со нив нема да почувствувате дека чекорите по нерамни површини. 

 

 


Во Levi's, јакните го задржуваат лежерниот, урбан дизајн наменет за градските улици, но нивната удобност, флексибилност и својството да ја одржуват топлината ги прави одличен сојузник против зимскиот студ и ветер и надвор од градовите. 

 

Женски јакни

Маслинеста јакна   /   Црвена јакна   /   Разнобојна јакна

 

Машки јакни

Црвена јакна   /   Сива јакна   /   Тегет јакна

 

Машки чизми   /   Ранец

 

 

Superdry е возбудлив, современ британски бренд кој се фокусира на производство на висококвалитетни производи, создадени за активен живот, планински авантури, спортска опрема и екстремни спортови.

 

СКИ-ОПРЕМА

Упатете се кон падините со снег во стил оваа зима, со нашата нова колекција на машки и женски ски јакни. Без разлика дали барате кавлитетна ски опрема во која ќе го поминете целиот ден во снег или сте заинтересирани да освоите поени за најдобар стил во ски-баровите и бачилата во ски-центрите, нашата опрема е за вас. Сноуборд-јакните и панталоните, како и тренди ски-опремата нудат максимална заштита од надворешните влијанија на зимата, одржувајќи топлина и чувајќи ве суви, благодарение на водоотпорните материјали кои дишат, како и паметните технички карактеристики наменети да го одбиваат снегот од јакната и панталоните оневозможувајќи му да се задржи на вашата опрема.

 

Женска ски опрема: Јакна   /   Панталони

Машка ски опрема: Јакна   /   Панталони

 

Ски-јакна

 

Ultimate Snow Rescue

Розов ски-ранец   /   Војнички принт ски-ранец
 

Овие иновативни ранци за на снег се MUST-HAVE за престојната сезона. Дизајнирани се со прицврстувачи од цврст материјал на кои можете да ги прикачите своите скии или сноуборд.


Имаат преграда специјално дизајнирана за да ги сместите вашите ски-очила во неа кога не ги употребувате, во која ќе ви бидат заштитени од удар и гребаници, како и посебен прицврстувач за вашата ски-кацига кој се наоѓа на долниот дел од ранците.
 

Покрај тоа, овие ранци е изработени така да нудат потпора на грбот и рамениците за дополнителен комфор, со прилагодлив појас кој се врзува околу половината за да се задржи безбедноста на ранецот при екстремните активности. Финалните додатоци вклучуваат свирче, Superdry брендирани патенти за ранец и лесно достапни џебови од страните. 

Капацитет: 20л. / Димензии: H 52cm x W 35cm x D 18cm

 

Superdry во својата понуда вклучува и врвна спортска колекција, која можете да ја набавите за џогирање или планинарење на сончево, пријатно време.

(клик врз фото)

 

Разгледајте ја целата понуда ТУКА

Со стил, каде и да одите.

Машка јакна   /   Женска јакна

 


(клик врз фото)

Манго во својата колекција оваа зима нуди јакна со краток дизајн за леснотија при искачување на планина со големи исчекорувања, притоа доволно долга за да ја обезбеди потребната топлина и заштита на женското тело. Изработена е од водоотпорна ткаенина која ги одбива влагата, дождот и снегот. Продолжена е околу вратот, па нема да имате потреба од шал додека ја носите. Вклучува два странични џебови, а меѓудругото со неа добивате и топли ракавички од истиот материјал кои можете да си ги закачите на понудените копчиња на крајот на ракавите кога не ги носите. 

 

 

 

   The Cayden   /   The Highland   /   The Highland Sport   

 

1. Инспирирани од жената која живее во градот но бега во планините, "The Cayden" се пар чизми кои добро се вклопуваат со сé, од тексас облека до опрема за снег. Исто така, можат да издржат ниски температури дури до -32˚C. Покрај тоа што се појачани со голем спектар на технологии за ладни временски услови, чизмите се обложени со водоотпорен најлон и велур кожа од надвор, а внатре со природна волна и 200 грама изолација од надворешни влијанија и иновативна потпетица која ја држи водата на далечина и стапалата суви.

 

2. Овие чизми од сјајна кожа се подготвени да им се спротистават и да ги издржат и најсуровите временски услови, но, истовремено, изгледаат одлично и на градските улици со мекиот јазик од овча волна и јажињата инспирирани од ски-кондурите. Тие се целосно водоотпорни и невројатно топли. "The Highland", како што ги викаат, се изградени на сериозен ѓон па погодни се за одење дури и на влажен мраз.

 

3. Црпејќи инспирација од уличниот стил на Лос Анџелес, овие машки UGG чизми се комбинација на чувството на добра патика со изгледот (и корисноста) на "working boot" или работничката чизма. "The Highland Sport" чизмите внатре се обложени со мека волна - чувство на удобност кое всушност е препознатлива карактеристика на UGG брендот, супер-лесни за носење, обезбедуваат екстра флексибилност и се адаптираат на тексас, casual-wear па и канцелариска облека.