02/60 90 371

Оскари 2019: Во чии креации заблескаа ѕвездите на овогодинешната гала вечер на Академијата

Доделување на наградите Оскар, гранд финалето на сите филмски награди, се одржа и оваа година по 91ви пат! Греми наградите, Златниот глобус и останатите слични церемонии беа само загревање за најпрестижните награди во филмската индустрија - Оскарите. Оваа година, “Зелената Книга” доби Оскар за најдобар филм, за најдобра актерка Оливија Колман и за најдобар актер Реми Малек. Заслужено, нели?

Ние уживавме во доделувањето награди, но сепак она што ни го одзема вниманието и ни беше најинтересно од целата церемонија е секако... Тhe Red Carpet! Најголемите холивудски ѕвезди парадираа на црвениот тепих во гламурозни тоалети и елегантни костими, оставајќи н
ѐ нас, модните вљубеници без зборови.

Од сјаен металик до розова боја и тул, актерките оваа година беа смели во изборот, сите изгледаа прекрасно, но ние издвоивме неколку наши фаворити:

 

Бри Ларсон блескаше во сјајна Celine тоалета со висока јака и Jimmy Choo сандали кои го комплетираа овој гламурозен металик изглед.



Лејди Гага изгледаше прекрасно во елегантната Alexander McQueen тоалета со интересен скулпторски акцент на нејзината половина. Сепак, славата ја доби нејзиното дијамантско Tiffany&Co ланче од 30 милиони долари кое го збогати нејзиниот all-black изглед.



Џенифер Лопез во огледалниот мозаик на Tom Ford тоалетата изгледаше како вистинска дива!



Ема Стоун не воодушеви во Louis Vuitton тоалета специјално изработена за неа, овој уникатен дизајн ги освои срцата на сите модни ентузијасти.



Кејси Масгрејвз изгледаше како од бајките во розова и волуменозна тоалета од тул на Giambattista Valli.



Лаура Хериер не само што изгледаше прекрасно во сината Lous Vuitton тоалета која е извезена со Swarovski кристали, таа го прифати “Зелениот Red Carpet предизвик” и всушност е облечена во тоалета која е изработена од Еко-френдли материјали. Нејзиниот изглед е комплетиран со Bvlgari - дијамантско ланче и алка во смарагдна боја.



Рејчел Вајс се појави во црвен дводелен дизајн на Givenchy Couture со необична комбинација од латекс и тул која притоа изгледаше елегантно и шик!



Шарлиз Терон беше една од најдобро облечените на овогодинешните Оскари во светло сина Dior Haute Couture тоалета и прекрасен Bvlgari накит.



Хелен Мирен не освои со нејзиниот романтичен изглед во розева тул толета –прекрасен дизајн на Schiaparelli Haute Couture.  



Ирина Шаик изгледаше како дива во црна Burberry тоалета со интересни златни детали и разголен грб, дизајн кој прилегаше совршено на нејзината силуета.