02/3248194

Ве поканија на свадба но не сте сигурни што да носите? Summer Wedding Guest Trends 2018:

 

 

 

Најважното нешто кое треба да го имате предвид кога планирате како да се облечете за на свадба е да изгледате кул и стилски, но притоа да не го одвлекувате вниманието од невестата ниту пак да привлекувате внимание од погрешни причини. 

 

Да започнеме со основното, прво правило: Никогаш, немојте ниту да помислите да се облечете во бело. Никогаш. Избегнувајте и крем, беж и други слични нијанси. На таа церемонија само една жена треба да биде облечена во бело - доколку не си ти невестата, тогаш не си ти таа жена. Единствениот исклучок од ова правило се модните додатоци или доколку "dress code" на самата покана ви налага да облечете бело.

Второ правило: Ако знаете дека дел од свадбата ќе се одржи во црква, тогаш не би била лоша идејата да си земете нешто "за од горе" со цел да ги покриете деколтето, рамениците, голиот грб и избегнете да носите фустан со голем отвор кој би покажал премногу од вашите нозе. Постојат други моменти кога ќе имате прилика да му покажете на светот колку сте неодоливо секси и атрактивни - свадбената церемонија дефинитивно не е вистинскиот момент за тоа. Не сакате да покажете непочит кон младоженците... особено не пред нивното семејство и најблиски. 

Трето правило: "It's better to be overdressed than underdressed." - Односно, подобро е да претерате со "дотерување", отколку да изгледате како да не сте се потрудиле доволно за таква пригода. 

Како гостин на летна свадба, трикот е да ја задржите елеганцијата на високо ниво, а притоа да изгледате кул и разиграно. Класичните комбинации оставете ги во плакар за во зима. Изборете се против топлината (или влажноста) притоа изгледајќи отмено и прибрано одбирајќи ткаенини од свила, шифон, памук или лен. Можете да најдете секакви парчиња облека изработени од овие материјали во живописни, летни бои и неочекувани текстури кои ќе го зачинат вашиот елегантен изглед со летна вибрација. 

Колку за мотивација, погледнете ги следните фотографии од комбинации на парчиња облека и модни додатоци за дамите - гостинки на летна свадба, селектирани од страна на креативното око на стилистите од Harpers Bazaar и Vogue како трендови за 2018. Ќе забележите дека светот, надвор од Македонија, малку поразлично гледа на поимите "отмено, елегантно, прикладно - за на летна свадба". Нема вулгарна голотија, го нема оној светкав материјал во сите можни бои. Впрочем нема ништо досадно.. не бидете ни вие.

 

***

Join The Dots

***

Сугестија од нашите брендови: 

 

ОбеткиФустан; Чанта; Сандали;

 

Easy Does It

 

***

Сугестија од нашите брендови:

 

Обетки; Фустан: Чанта; Сандали

 

 

Noir Moderne

 

***

Сугестија од нашите брендови:

 

Панталони; Кошула; Чанта; Сандали; Лепеза

 

The Bright Side

 

***

Сугестија од нашите брендови:

 

Сандали; Чанта; Фустан

 

Off-Beat Blooms

 

***

Сугестија од нашите брендови:

 

Очила за сонце; Фустан; Чанта; Сандали;

 

***

Midsummer Night's Dream

 

***

Сугестија од нашите брендови:

Чанта; Чевли; Кошула; Здолниште;

***

Flower girl

 

***

Сугестија од нашите брендови:

 

 

Обетки; Фустан; Чанта; Сандали;

 

Laid-Back Luxe

 

 

***

Сугестија од нашите брендови:

 

Обетки; Фустан; Чанта; Сандали;