02/60 90 371

Trend Report: пролет/лето 2018

Trend Report:пролет/лето 2018

 Модните трендови за пролет/лето 2018 се прилично смели. Оваа сезона светските модни писти беа вистинско шоу, па можеше да се забележи како некои од најкул модните критичари посегнуваат по своите телефони да ги фотографираат моделите. Но една ревија импресионираше. Го постави тонот и остави свое влијание врз цела сезона – се разбира, станува збор за Версаче. Тоа беше една од оние колекции кои ги поврзуваме со зборот “iconic”. Но не се разботи за случајност – Целата гламурозна афера беше во знак на почит кон Џани Версаче и 20-годишнината од неговата прерана смрт. Можеше да се почувствува влијанието на неговата храбра визија и оригинални модели благодарение на креативните насоки од страна на неговата сестра, Донатела Версаче.

Моментално сме на преминот од студените струи на зимата кон многу попријатните и благи  температури на пролетта па ова е најдобро време да ја извадите летната гардероба на палуба и да ја зачините со нови парчиња облека – односно да ги донесете модните трендови директно од пистите до вашиот плакар. Можете да ги купите или пак да отидете еден чекор понапред и да ги дизајнирате самите ослободувајќи го кретивниот гениј во вас.

80-тите денес

"Ретрото" е дел од модата, не може да излезе од мода или пак да се врати - само ги менуваме ерите чии модни карактеристики ги позајмуваме одредена сезона. Пролет/лето 2018, дизајнерите се фокусираа на 1980-тите. Силуетите се тие – силни раменици, долги, полни нозе,нагласена половина. А музите се оние кои веднаш можете да си ги замислите во глава: Дијана, принцезата од Велс, продолжува да остава траги од своето влијание врз високите модни писти.Јасно е дека 20-годишниот јубилеј од нејзината смрт го натера Virgil Abloh на размислување па тој и’ ја посвети целата своја Off/White ревија на неа. Јакните, палтата и кошулисо “напумпани”ракави, фармерките и пантолони со висок струк, чисто белата боја на чизми како и фустаните со принт. Дебито на Claire Waight Keller за Givenchy беше парада на силни, квадратни блузи во принтови за “Девојката-работник”во комбинација со каубојски чизми.

Од нашите брендови:

 

Crayola colours

Ова лето ќе биде многу живописно - доколку она што го гледавме на светските модни писти премине и на нас. Од Њујорк до Париз, модните ревии беа преплавени со вибрантни, смели нијанси на бои. Дизајнерите ја нападнаа табелата со бои на Pantone, земајќи ги оние пулсирачки примарни бои, домат-црвена ја гледавме насекаде, од “Preen” до Викторија Бекам. Потоа кобалт-сина, смарагдно зелена и интензивно жолта – моќни нијанси од примарните бои.

Од нашите брендови:

 

 

Од машката колекција:

 

 

Ice Cream Colors

Пастелните бои на сладоледот за оваа пролет. Не звучи како да откривме топла вода, нели? Но паркирајте си го цинизмот. Овие бои и нијанси дојдоа како пријатен, топол бран на модните ревии на високата мода. Нежно виолетовата комбинација од глава до пети на Викторија Бекам, слоевите во лимон боја на Хермес, ф’стакзелената на Сис Марјан едноставно воодушевија.

 

Од нашите брендови:

 


 

 


И долната облека не е изоставена...

 

 

Од машката колекција:




 

Лаванда


Најнежната од сите пастелни тонови се повторува одново и одново, лаванда-виолетова е “must have” за пролетната сезона оваа година. Ја забележавме кај Tibi во форма на лесни, разиграни фустани, кај Victoria Beckham во костум, кај Pamella Roland во нејзината “princess couture” и кај Michael Kors во плетки и во “Tie-dye” (tie-dye се однесува на процесот на боење на ткаенината, дел од парчето облека кое сакаме да го обоиме се преклопува, извртува па се врзува со гумени ластици и се потопува во боја). Victoria Beckhamи Michael Kors навестуваат дека милениумската розова ќе биде заменета со нејзината соседна нијанса – пастелно виолетовата. Оваа мека пурпурна нијанса е следната боја која ќе доминира со сезоната, навлегувајќи во плетките, костумите, формалниот изглед како и секојдневниот.

 

Од нашите брендови:




 

 


MANGO


Denim Tailored


Тексасот е специфичен тип на ткаенина, конкретно – многу цврсто сплетена памучна ткаенина. Со комбинирањето на “casual” природата на тексасот со формалноста на кроената облека по мерка дизајнерите го издигнаа тексасот едно ниво погоре. Преку рацете на Том Форд и Нина Ричи, фармерките оваа сезона изгледаат елегантно наместо панк и “casual”. Никогаш не очекувавме дека ќе го видиме враќањето на ваквата употреба на тексас материјалот, па не ни можевме да замислиме дека ќе изгледа толку добро.

 

Од нашите брендови:

 

 

White Suiting

Ако минатата зимска сезона, костумите ги гледавме во сива карирана, тогаш пролетта е резервирана за чисто белите костуми. Белиот костум не го тргаме  на страна само за до следниот гала или претседателски настан, него го видовме и во “casual” варијанта, во огромен, “over-sized” смокинг на Adam Lippes, го видовме на ревијата на Tom Ford, а ќе го гледаме и секојдневно на улиците на светските метрополи носен од страна на љубителите на модата.

 

Од нашите брендови:

 


TIMBERLAND


TIMBERLAND

 

 

Loud Logos

 

Fendi! Gucci! Balmain! Versace! Balenciaga! Calvin Klein! Ниту еден од големите брендови не го изостави своето лого за S/S 18, напротив, тие го нагласија, го зголемија и му го дадоа целиот фокус на логото на својот бренд, како да станува збор за организирана, агресивна маркетинг кампања, но не можеме да ги обвиниме – ако веќе трошите големи суми на пари, може и гласно да го извикувате името  на брендот на кој сте ги потрошиле. За оправдување – во мода е.

Од нашите брендови:

 

Реси

Ресите оваа сезона ја достигнаа својата кулминација. Можевме да ги сретнеме во сите форми на различно ниво на посветеност. Бевме сведоци на маичките со реси на Loewe, јакни, чевли, бермуди, шешири и секако – обетките на Sachin & Babi.

 

Од нашите брендови:

 




 

 

Palm Beach Glamour

Дефинитивно Marc Jacobs најдобро се изрази во овој тренд, со неговите луди миксови од летни принтови, боите на виножитото и турбаните. Замислете го распрсканиот, поплавен од сончеви зраци-стил на општеството на Палм Бич од 1960-тите – токму тоа дизајнерите се обидоа да го доловат оваа летна сезона. Хавајско-тропските принтови на Gucci одлично ни ја демонстрираа ваквата реконструкција на тоа време, стил и атмосфера.

 

Од нашите брендови:

 

 
 
 
 

 



 

Гума и пластика

Совршено за летата во Велика Британија J. Водоотпорните пластични и гумени материјали се еден од доминантните изгледи за Spring/Summer 2018. Како што можете да видите на фотографијата, Chanel, Isabel, Marant, Burberry, Topshop, Calvin Klein и Fendi умешно импровизираат со пластиката во различни нијанси – очекувајте дека таа ќе биде насекаде за помалку од 11 месеци.

 

Од нашите брендови:

 


MANGO


MANGO


MANGO