02/60 90 371

Тренди пaрчиња по намалени цени - искористете го online shopping попустот веднаш!

Моментално цела колекција на нашата "e-shop" продавница за онлајн купување е на -15% попуст. Искористете ја понудата и нарачајте ги посакуваните производи по намалени цени брзо и безболно од комодитетот на вашиот дом - нарачката секогаш можете да ја вратите назад по што и вашите пари ќе бидат вратени на картичка. 

 

Изделивме по неколку тренди парчиња од секој од нашите брендови кои се продаваат онлајн, уживајте во леснотијата на купувањето од дома додека вашите производи се на пат кон вас - и не заборавајте да се забавувате викендов изгледајќи одлично!

*Клик врз назив на производ за да стигнете до него

 

 

UMBX-DAMIEN боксерки

Изразете се себе си онака како што сами се доживувате. Не си поставувајте монотони граници ниту под облеката, ниту во кревет. Едноставно,  биди тоа што си :)  Овие боксерки се дел од оригиналната, персонализирана колекција на графички принтови на Diesel за сезона пролет-лето 2018. Изработени се од 95% памук и еластичен појас.

 

DE-FREED бермуди

Овие бермуди се исечени од удобен, пријатен тексас и сошиени во класичната 5-џебна конструкција. Се прицврстуваат со копче и имаат пропорционално поставени каишки низ кои би поминувал ремен или друг вид на моден додаток. Расцепените страни на бермудите ги прават единствени на пазарот, давајќи им фестивалски изглед и бунтовнички карактер.

 

T-DIEGO-QA маичка

 

Оваа навидум класична машка маица е изработена од чист памук која е дополнително изимена за екстра мек допир. Но принтот на неа ја отсликува трансформацијата на логото на Diesel, кое можеби во оваа варијанта изгледа уште подобро од оригиналот.

 

  T-JUST-SW маичка

 

Дел од проектот “Уметноста е маица”, оваа маичка е испечатена со ексклузивна уметничка графика – череп разделен од цветови. Исечена одмека, памучна ткаенина. Маичката е персонализирана со потпис на артистот на графиката како и со логото на Diesel.

 

 

REPLAY T-shirt with lace back

Женска, памучна маичка со собрани ракавчиња и џеб со метални нитни во висина на гради. Од позади целата е во црна тантела во форма на цветови кои отскокнуваат од неа.

 

 

 

Floral bermuda shorts

 

Машки бермуди во флорален принт составен само од контурни линии врз маслинеста позадина. Два предни и два задни џеба – идеални за летната сезона.

 

 

Replay тексас јакна со везени мотиви

Автентична, тексас јакна на копчиња со избледени и расцепани делови. Класична јака, копче на крајот од ракавите и уникатен вез во форма на штрк на грбот. Ултра-тренди парче за оваа сезона.

 

 

 

REPLAY Military cargo pants

Машки, памучни панталони во карго стил. Принтот ни е добропознат на сите и особено препознатлив за Replay– војничката камуфлажа.

 

Desigual чанта со две лица

 

Чанта со две лица во летен дезен со палми. Едното лице е во плави и зелени нијанси, додека другото во розово-црвени. Со неа оди и малечка, внатрешна чантичка која се атвора со патент, за да не ви испаднат поважните работи кои ги пренесувате. Мерки: 30 x 13 x 28 цм.

 

 

SANDALS SAMBA EXOTIC DENIM

Сандали од “егзотичен тексас”– се мисли на навезените, разиграни шари на дебелата, цврста потпетица која нуди сигурност при чекорење. И тие имаат две лица бидејќи вклучуваат уште еден пар ленти врз прстите кои се обичен тексас и се лесни за подесување – на копчиња на притискање.

 

 

Патиките кои шират љубов

 

Бели, нежни патики со свој карактер. Самиот изглед на патиките буди позитивни вибрации – натписот “љубов” секојдневно ќе ве потсетува на ова интензивно чувство, а разиграниот принт да останете насмеани.

 

 

 

“Бомбер”јакна со две лица

 

Да. Добивате две јакни во една - во бела и во црна варијанта. Исшарани во женствениот, артистички стил на Desigual во флорален принт со пастелни бои кој е одличен контраст на “етно”деталите околу патентот. Комфорна и неодолива.

 

 

GUESS црн корсет

 

Атрактивно парче облека кое примамува погледи. Најдоброто од се’ е што можете да го искомбинирате и со кежуал изглед, но и со елегантен. Останува на вашето расположение. Долг е 30 цм.

 

GUESS кармин-чанта

Естетски примамлива на око. Одличен дизајн на чанта во кармин-црвена боја. Извезени детали, метални циркони и препознатливото лого на GUESS. Со неа оди и долг ремен кој можете да го прикачите по потреба.

 

GUESS Двослоен фустан со принт

Долг е 114 цм, а широчината на раменици изнесува 37 цм за S, таа пропорционално се менува според величините во кои е достапен.Одличен избор за девојките  кои имаат несекојдневен стил.

 

GUESS фармерки

Темна нијанса деним, нецелосно "искинати" на неколку места. Комфорни и одлично прилагодливи на вашето тело.

 

 

Superdry RIOT BIKER

 

Црна јакна изработена од полиуретан со кул написи и “шкртки”на тема RIOT & REBEL GIRLкоја се издвојува од сите останати црни јакни во овој модел кои ги гледаме насекаде околу нас – носејќи ја ќе се издвојувате и вие од толпата. Што се однесува до интересните, креативни натписи – ниту поставата не е изоставена.

 

Superdry машка маица

Испринтана со фотографија во vintage ефект. Палмите доловуваат летна, урбана атмосфера.

 

Superdry  фуксија апостолки

Женски апостолки во интензивна, женствена боја. Изработени од полиамид и ѓон кои спречува лизгање. Совршени за на мокри површини и плажа.

 

Superdry машки костим за капење

 

 

Палто 

Креирајте префинет и повеќе слоен изглед со ова извонредно палто кое изработено од специјално избрана ленена и памучна мешавина. Има впечатлив “houndstooth” дезен и на него навистина доаѓа до израз типичното, италијанско кроење. Во класичниот стил со две копчиња и леснотијата со која се вклопува на вашето тело ова палто нуди лежерна елеганција и префинетост.

 

Флорална кошула

Флорална, памучна кошула со мека јака и Custom Fit. Custom Fit кошулите се потесни кај градите и половината во споредба со оние кои се Tailored Fit. Ткаенината која се употребува за изработка на ваквите кошули е поеластична, а со самото тоа подобро изгледате во неа.

 

SUEDE Мокасини

Кафени мокасини од велур кожа изработени по италијански рецепт.

 

Поло маица со принт на ананас

100% памук, спој на летната атмосфера пресликана преку дезенот од ананас и софистицираниот изглед на поло маица.

 

 

 

WAIKAKA Маица

Waikaka маичката на New Zealand е изработена од памук кој “дише”со што ви гарантира комфор во текот на целата сезона.  Тропскиот принт на оваа поло маица асоцира на плажа, сончеви денови и убаво расположение

 

KAWAI Маица

Kawai е нашата “носи-ја-со-билошто”маичка направена од мешавина од памук и полиестер. Искомбинирајте ја со фармерки или бермуди за секојдневен изглед. Достапна е во повеќе бои: летна морнарица, летно зелена, NZA бела и летно портокалова.

 

LARRY BAY бермуди

Нашите Larry Bay бермуди се совршени за вашите активности на отворено. Имаат два дополнителни, странични џебови за да ги соберат вашите лични предмети. Достапни се во различни сезонски нијанси на бои. Оваа која ја гледате на сликата е пролетно корална. Изработени се од памук кој “дише” па во нив ќе се чувствувате одлично за време на жешките денови.

 

Кошула

Тренди кошула со флорален дезен изработена од мешавина на природни материјали – поголемиот процент е од памук со врвен квалитет. Доколку не сакате да изгледате обично и како сите останати во просторијата ова е кошулата која е поденакво елегантна колку и уникатна.

 

 

Ресести детали на повеќе парчиња кои ќе ве пренесат во „summer mood“. Не заборавајте на уникатни очила за сонце кои можете да ги најдете во PARFOIS.

 

Ланче / Обетки / Очила лево / Очила десно

 

 

Модел кој е безвременски секоја летна сезона: бродски чевли – удобни, модерни и практични.

 

 

KiriUp патики за секојдневен, урбан „уличен“ стил препорачан од модните блогерки

 

Ленените кошули и поло-маиците се задолжителни парчиња за оваа пролет, а Springfield ги има во секакви бои и шари.

 

 

Кошула со цветни мотиви и џинс здолниште за секој ден и тексас фустан кој гарантираме дека ќе го износите. 

 

 

Тропски мотиви за почеток на совршено лето – принт кој е актуелен за оваа сезона. „Бомбер“ јакна со ваков принт е ‘must have’

 

костим за капење / чанта / ранец

 

 

Морнарски стил и пругасти шари – полн погодок

палто / панталони

 

 

#FlowerPower– пролетта мора да се одбележи со флорални мотиви

чевли / чанта

 

Футуристички дизајн на неверојатните Nebula патики – врвна технологија и „стапала кои дишат“.

 

Дали се подготвивте за сезоната на свечени настани? Одберете шик италијанска елеганција во плетен стил, во „месо“ боја, украсени со тока. Одлучете се за женствени високи потпетици или задржете ја елеганцијата на ниски чевли.

 

Најтренди изглед на женски патики за оваа сезона се од Bata – модерно и романтично.

Спортски, но истовремено урбани, машки патики во повеќе нијанси по одлична намалена цена!