02/60 90 371

ЖЕНИТЕ ЗАЕДНО

Women Together (Жените Заедно) e иницијатива на шпанскиот бренд Women’secret која работи под мотото дека малите нешта кои секоја од нас ги прави, всушност имаат огромно влијание и не само што нè поврзуваат туку може да направат и значителни промени.

Во периодот од 1 до 10 март 2019 година, во продавниците на Women’secret ќе бидат поставени кутии за донација. Со донација од најмалку 50 денари секој посетител на продавниците ќе може да биде дел од оваа хумана акција и ќе добие специјална алка Women Power!

100% од собраните средства одат за помош на невладината организација за поддршка на родова еднаквост и еднородителски семејства Оne Can/ Една може https://www.facebook.com/onecanednamozhe/.

Ви благодариме на поддршката!