Со секоја нарачка над 12.000 мкд, добивате купон код за попуст при следното купување.

02/3248194

За нас

НАШАТА ПРИКАЗНА

FASHION GROUP e групација на компании во приватна сопственост, чии зачетоци датираат од 1994 година во Скопје. Како најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот FASHION GROUP ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови.

Проектот кој започна како желба да се донесе светската мода и кај нас се покажа како успешен и повеќе од потребен за македонскиот пазар. Денес групацијата вработува повеќе од 200 професионалци, тимови кои се посветени да го понудат најдоброто за секој купувач и е лидер на пазарот според бројот на моно-бренд продавници, продажни површини и годишен промет. Успехот на FASHION GROUP се базира на еминентни економски перформанси, одлична меѓународна репутација, стручност и стабилна платформа за понатамошен развој.

Во моментов FASHION GROUP има продажни места во Скопје и Куманово, во најголемите трговски центри и на фрекфентни пешачки локации.

МИСИЈА

Развој на високо-иновативни и ефикасни малопродажни канали, кои бараат постојан раст на брендот и сеопфатно портфолио на услуги.

ВИЗИЈА

Регионален лидер во мало и големопродажба на модни брендови.